Работниците ангажирани од Општината од утринава работат на расчистување на Мала Рада. Од наталожената тиња и од отпадот фрлен од несовесните граѓани, ќе се чисти од мостот на Партизански Пат, па се до пречистителната станица во Студеничани. Во текот на акцијата ќе биде опфатено и чистење на Црниот канал од улицата Малешевска до спојот со каналот на Мала Рада во Потстаница.
Акциите за чистење на одводните канали се дел од редовните активности на Општина Кисела Вода и се одвиваат во летниот и почетокот на есенскиот период, а по потреба и почесто. Уште еднаш, апелираме до сите граѓани за совесно однесување и почитување на Законот за јавна чистота. Фрлањето на отпад во одводните канали, прави штета, пред се’, на жителите на Општината и на нивното секојдневно живеење.