Во среда 09.05.2018, кабаст отпад ќе се собира во Пржино и Црниче, во четврток, 10.05.2018 во Цветан Димов и Бирарија, додека во петок во урбаните заедници Кисела Вода и Расадник. За останатите месни и урбани заедници кои ќе бидат опфатени во наредните седмици, жителите ќе бидат навремено известени преку општинската веб страница и преку референтите во подрачните канцеларии на нивните месни и урбани заедници.
Општина Кисела Вода апелира до сите свои жители кабастиот отпад да го изложуваат во период од 07:00 до 11:00 часот на гореспоменатите датуми, пред своите домови, колективните згради на пошироките улици, на начин што истиот нема да го попречува движењето на пешаците и возилата, како и местото да биде пристапно за возилата на Општина Кисела Вода.