Покрај финалната средба, во салата Архиепископ Доситеј, во плеј офот се одиграа и следните натпревари:
ООУ,,Невена Георгиева - Дуња" - ООУ,,Круме Кепески" каде што поуспешна беше екипата на ООУ,,Круме Кепески" со резултат 0:1
Во второто полуфинале играа ООУ,,Кирил Пејчиновиќ"- ООУ,,Партенија Зографски" каде поуспешни беа фудбалерите на ООУ,,Партенија Зографски" со резултат 0:1.
Во малото финале за 3-то место се најдоа екипите на ООУ,,Н.Г. Дуња" и ООУ,,Кирил Пејчиновиќ" каде што поуспешна беше ООУ,,Н.Г.Дуња" со резултат oд 3:2.
Потоа, беа доделени пехарите и медалите на најдобрите 4 екипи од основните училишта на територија на Општината.
1. место ООУ ,,Круме Кепески"
2.место ООУ “Партенија Зографски”
3. место ООУ,,Невена Георгиева-Дуња"
4. место ООУ,,Кирил Пејчиновиќ".
За МВП на натпреварите беше прогласен Андреј Стојковиќ од ООУ,,Круме Кепески.
Денес и утре, во салата Независна Македонија, ќе играат надобрите машки кошаркарски екипи од од основните училишта во Општина Кисела Вода. Победниците од денешните натпревари ќе играат утре во финалето во 13:30, а поразените мечот за трето место ќе го играат во 12:30. Со утрешните натпревари ќе се финализира и годинешните училишните спортски игри во организација на неодамна возобновениот Општински сојуз за училишен спорт на Општина Кисела Вода.