На големо задоволство на граѓаните, Тумбао Салса Бенд премиерно на отворен настап, токму во Кисела Вода ја изведоа песната “Фато мори душманке”, преработена во кубански ритам.
Културното лето во Кисела Вода продолжува и викендов на верско – рекреативниот центар “Три круши” со две манифестации. Доколку временските прилики се поволни, вечерва (06.07.2013) на “Три круши” целовечерен концерт ќе одржат Митан Проект и Андријана Јаневска, додека пак утревечер (07.07.2013) ќе се одигра претставата “Ах љубов моја – турска приказна”, во изведба на НУ Театар комедија. Настаните почнуваат во 21:00 часот.
Влезот за граѓаните е отворен.