На натпреварот кој одлучува за влез во СУПЕР лига, силите на теренот ќе ги одмерат ракометните екипи на Металург Јуниор и директниот конкурент за второто место РК Струга.
Имено, во моментов клубот од Кисела Вода е на второто место на табелата и има еден бод предност пред екипата на РК Струга. Со победа Металург Јуниор би останал на втората позиција, место кое води во баражот за влез во СУПЕР лига. Натпреварот е во рамки на претпоследното коло од Првата ракометна лига. Влезот за посетителите е бесплатен.