Во конкурсот ќе бидат опфатени учениците од VI – IX одделение. Секое училиште може да учествува со најмногу 3 творби. Истите треба да се достават до Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт најдоцна до 04.06.2018 година до 12:00 часот. Вреднувањето ќе го изврши Комисија избрана од Градоначалникот.
Трите наградени творби од ликовниот конкурс и литературниот конкурс ќе бидат дел од културно-уметничката програма од „Пушкинови денови“ која ќе се одржи на 6 јуни во паркот Пушкин со почеток во 19 часот и 30 минути.