Имено, кошaркарските натпревари се играа во рамки на завршниот турнир за млади кошаркари до 12 години.
Резултатите од одигрувањето на натпреварите се следните;
МЗТ С.А. - Баскет Кам 70-45
Вардар 2 - Спортисимо 63-41
Вардар 1 - ДИно Баскет 65-25
Водњански Лисици - ФМП Академија 2-0
Денес во рамки на ова натпреварување во малата сала „Кале“ ќе се одиграат два полуфинални натпревари, додека утре во истата сала ќе се игра за трето место и за шампионска титула. На првиот полуфинален натпревар со почеток во 17:00 часот силите на теренот ќе ги одмерат младите кошаркари од МЗТ С. А. и Водњански Лисици, а на вториот кој е закажан два часа подоцна ќе играат екипите Вардар 2 и Вардар 1.