- “Сакам да напоменам дека процесот на легализација во општината Кисела Вода тече со добра динамика, а по воведувањето на неколку технички мерки во процесот на решавање на предметите, веќе се гледаат позитивните ефекти. Имено, во насока на забрзување на темпото со кое се решаваат предметите за легализација во изминатиот период кадровски и технички го доекипиравме Одделението за легализација на дивоградби, го зголемивме бројот на комисии кои излегуваат на терен, а и воведовме практика за делење на решенија на неделно ниво. Резултатите се веќе видливи, за што говори и статистиката. По воведувањето на оваа пракса, во изминатите 3 месеци доделуваме во просек по околу 40-тина решенија за легализација на неделна основа” – информираше Беличанец - Алексиќ.
Таа упати апел до граѓаните кои сеуште не ја комплетирале целосно потребната документација, тоа да го сторат што поскоро, како би можеле во најкраток можен рок да ги легализираат своите дивоградби, а процесот на легализација да заврши во законски утврдениот рок.
Истовремено, ги потсети сите правни и физички лица на кои им е изготвена урбанистичката согласност, во најкраток можен рок да го платат надоместокот, за да може да се продолжи постапката за изготвување на Решенијата за легализација на објектите.