Со истата раководеше Претседателот на Советот на стопанственици од Општина Кисела Вода, Борис Хрисафов, генерален директор на Цементарница УСЈЕ АД Скопје, а покрај градоначалникот Филип Темелковски, присутни беа и претставници од Фондот за иновации и технолошки развој, како и претставници од Кабинетот на Претседателот на Владата, одговорни за економија и инвестиции.
Во рамки на оваа средба на претставниците на бизнис заедницата од овој дел на градот, најпрво беа усвоени Деловникот и Статутот за работа на Советот на стопанственици, а потоа збор зедоа претставниците од централната власт. Тие пред присутните ги презентираа мерките и поволностите кои нивните институции им ги нудат на компаниите, со цел подобрување на бизнис климата и овозможување на економски раст на Општина Кисела Вода.