Градоначалникот на општина Кисела Вода Филип Темелковски истакна дека локалната самоуправа и во иднина останува отворена за соработка при сите акции и проекти кои имаат за цел да го подобрат животот на жителите во општина Кисела Вода.
- Сакам да испратам апел до граѓаните дека, бидејќи целиот простор на општината е наш заеднички, треба сите подеднакво да се грижиме за него, нагласи Темелковски.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски посочи дека денешната акција е само почеток на проектот „Би актив“ (Be active), чија цел е покревање на свеста на сите граѓани дека како професионалниот, така и рекреативниот спорт е важен за сите луѓе.
- Како дел од проектот, во текот на целото лето ќе се спроведуваат спортски манифестации, изложби, трки, фестивали со спортско-рекреативно значење, а од 23 до 30 септември поканети се сите граѓани на Македонија да учествуваат на неделата на спортот, истакна Каевски.
Директорката на ПОУ „Д-р Златен Сремец“ Марија Делетиќ, информираше дека целата на иницијативата е обезбедување на соодветен простор зза спортско рекреативни активности за учениците со попреченост и вклучување на училиштетото во проектните активности на Европската недела на спортот.
- Рекреативниот спорт ги поттикнува децата да ги препознаат своите потенцијали, а во исто време ја поттикнува општествената заедница да биде отворена кон различностите и да ги вклучи децата со попреченост како нејзини рамноправни членови, објасни Делетик.
Претставниците на Волонтерскиот центар – Скопје, посочија дека на денешната акција учествувале и волонтери од „Аспект“, како и припадници на Европскиот волонтерски сервис, истакнувајќи дека сите чинители во општеството треба да се грижат за околината