Долг е списокот на улиците кои беа опфатени со градежни зафати, но ќе ги издвоиме следните:
Целосно се реконструирани “Сердарот” во селото Драчево, улицата ”Саса 32” во Пинтија, “Борис Трајковски”, крак 34 во Стаклара, “Борис Трајковски” крак 20, крак 2, крак 15, крак 22 во селото Усје, улицата “Локов” и улицата “Пушкинова” во Кисела Вода, голем дел од улицата “Јабланица” во Пинтија. Со павер елементи ја поплочивме “Киро Фетак” 1, крак 5 и крак 9, “Малешевска 1” , крак 4, за што ќе посведочат и многу од задоволните жители на Општината.
Сепак, сакаме да посочиме дека се работи за општина која опфаќа многу голема територија, од која голем процент се работи за рурална средина. Се работи по определен план и со голема динамика, но реално не може сите улици и во сите делови на општината да бидат едновремено реконструирани.
Конкретно, за изнесените невистини за нашата незаинтересираност, за посочената улица “Улоф Палме”, или по ново крак од “Иван Козаров”, сакаме да информираме дека истата влегува во опфатот на бул. “Македонија”, што е под надлежност на Град Скопје.
Се надеваме дека оваа информација ќе стигне до сите наши жители и дека истите нема да дозволат да бидат доведени во заблуда.