Во периодот од 9 до 11 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Пушкинова“, а од 9:15 до 15:30 часот корисниците од објектите во рамки на поранешна Стакларница, објектите кои се во нејзина близина, како и други објекти кои се напојуваат од трафостаницата во Стакларница во општина Кисела Вода.
Без струја од 8 до 16 часот ќе бидат корисниците од објектите на влезот во Усје кај „Алумил“ и „Злате Бенз“ до „Рамос Илијадис“, објектот на Агрометал ДООЕЛ Скопје на улицата „Борис Трајковски“ во населбата Усје.
Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради планирани инвестиции во електромрежата.