И оваа година, Општина Кисела Вода, врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Кисела Вода, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, распиша оглас за заинтересираните лица кои сакаат да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа. Проектот “Се грижиме и ги воспитуваме најмладите” ќе овозможи работно ангажирање со скратено работно време на евидентирани невработени лица за период од девет месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд. Се работи за ангажман од дваесет работни часови неделно, при што за време на истиот, статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.
За кандидатите кои ќе бидат избрани општинско-корисната работа, се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари месечно, со вклучен персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
- долгорочно невработени лица евидентирани во АВРМ (над 12 месеци во евиденција) ;
- самохрани родители;
- родители на деца со пречки во развојот;
- родители на 3 и повеќе деца
Заинтресираните невработени лица, Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да подигнат и поднесат во Општина Кисела Вода во периодот од 01.08.2018 година до 14.08.2018 година од 08:30 до 16:30 часот секој работен ден.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во Општина Кисела Вода кај лицето Елизабета Јаневска, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување на Град Скопје кај лицата Флорие Љачи, Центар за социјална работа П.Е КИСела Вода кај лицето Зоран Николовски.
Огласот е достапен на веб страницата на Општина Кисела Вода на следниот линк: