08/01 2018
Општина Кисела Вода со цел да им обезбеди подобри услови за живот на жителите на населбите Пржино и Црниче, на ул. Зеленгора започна со активности за изградба на фекална канализација во должина од 82 метри и атмосферска во должина од 66 метри.
На теренот градежните активности ги изведува фирмата АД Енергомонт Скопје. Според планот истите треба да завршат до крајот на овој месец.