Се изврши обиколка на повеќе паркови, воспитно-образовни објекти, игралишта, напуштени објекти во урбаните заедници 11 Октомври –Згради, Цветан Димов, Кисела Вода, Расадник и Пинтија.
Со лицата кои беа таму затекнати се дискутираше околу законските правила и прописи за превенција од ситуации кои можат да доведат до посериозни нарушувања на јавниот ред и мир и безбедноста на жителите на ова подрачје.
Родителите,пак, кои беа дел од оваа патрола, имаа можост да добијат информација каде се движат и што прават нивните малолетни деца во текот на вечерните излегувања и дали има потреба од дополнителна комуникација меѓу нив. Проектот “Соседска патрола” кој го спроведува Министерството за внатрешни работи, преку СВР-Скопје и ПСОН Кисела Вода, заедно со локалната самоуправа, има за цел зголемување на сигурноста и безбедноста на граѓаните во нивните населени места, како и намалување на кривичните дела и нарушувањата на јавниот ред и мир на ова подрачје. Истиот ќе продолжи и во наредниот период.