Градоначалникот Темелковски е на терен и врши увид во активностите за расчистување на теренот од страна на општинските служби, во постојана комуникација е и со ЈП “Водовод и Канализација” и во наредните денови се планира средба на оваа тема на највисоко ниво.
Инаку, канализацијата на овој потег е изградена во 1998 година. Општината во повеќе наврати презема мерки со изградба на дополнителни краци на фекалната канализација, со мониторинг од страна на ЈП “Водовод и Канализација”. Дел од целата мрежа е примена од нивна страна, но постои дел кој не е примен затоа што мрежата е градена врз ниви, каде не се решени имотно-правни односи и нема манипулативен пат, како механизацијата на ЈП “Водовод и Kанализација” би можела да има пристап до веќе изградените шахти.
Општина Кисела Вода пред еден месец исчисти дел од мрежата до каде што имаше пристап. Во моментов, повторно се врши чистење и заедно со ЈП “Водовод и Канализација” се работи на изнаоѓање на соодветно решение кое ќе биде долгорочно и трајно ќе го реши долгогодишниот проблем што го имаат жителите од овој дел на градот.