Оваа кампања локалната самоуправа ќе ја спроведе во соработка со СВР Скопје – одделение за превенција, ПС Драчево и ПС Кисела Вода.
Активностите ќе се реализираат на тој начин што на родителите и учениците во училиштата ќе им се дели пропаганден материјал со едукативна содржина.
Кампањата за поголема безбедност во училиштата ќе започне во ОУ „Рајко Жинзифов“ – Драчево со почеток во 08:30 часот каде што претседателот на Советот на Општина Кисела Вода Дарио Шимиќ, претставници од ПС Драчево и СВР Скопје – одделение за првенција на учениците и родителите ќе им поделат едукативен материјал.
Додека, градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски во 09:30 ќе биде присутен во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“, каде што заедно со претставници од ПС Кисела Вода и СВР Скопје – одделение за превенција ќе ги поздрават учениците, ќе ги едуцираат и ќе им поделат едукативен материјал. Дел од оваа едукативна кампања ќе биде и секретарот на општината Александар Алексовски, кој заедно со претставници од ПС Кисела Вода и СВР Скопје – одделение за превенција во 11:00 ќе бидат дел од кампањата во ОУ „Круме Кепески“.