За таа цел, вработените во општината ќе бидат активно вклучени во активностите за чистење на отпадоците кои од страна на несовесни граѓани се одложуваат насекаде. Покрај ова, локалната самоуправа ги повикува и граѓаните да се вклучат во овие активности, како заеднички би создале почиста и поздрава животна средина.
Активностите за собирање на отпадоците ќе се одвиваат на две локации, на трим патеката покрај пругите во Кисела Вода, како и под мостот на бул. Србија.
Воедно, утре со поддршка од Министерството за образование и наука и Општина Кисела Вода дел од глобалната/национална акција за чистење на отпадоците ќе бидат учениците и наставниците од сите основни училишта кои се под надлежност на локалната самоуправа.
Имено, глобалната акција за чистење иницирана е од движењето „Let ’s Do it! World“ кое од 2008 година им помага на владите, општините и компаниите да го исчистат отпадот во своите земји.
Општина Кисела Вода претходно ги информира граѓаните за Светскиот ден за чистење, со тоа што ги повика да мапираат локации на кои има нелегални диви депонии на отпад, како би помогнале за поголема успешност на претстојната акција за чистење.
За утрешната национална акција за чистење на отпадот целосна поддршка дава Владата на Република Македонија.