На отворената трибина градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски заедно со претставниците од организациите од цивилниот сектор дискутираа и разменуваа идеи за соработка пред претстојниот референдум, закажан на 30-ти Септември, 2018 година.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, истакна дека има целосно разбирање за чувствителноста на тема референдум, но дека и како политичар и како градоначалник, чувствува обврска и потреба да дискутира и делува позитивно за сите други работи кои ги засегаат граѓаните, дека така треба да се дискутира и на тема референдум. Притоа, смета дека ќе ги исполни потребите на сите граѓани, со сите различни ставови кои ги имаат, и за, и против и воздржани, како и дека е нормално да го каже својот став, кој е соодветен на ставот и потребата која се констатира, а тоа е дека е потребно да се излезе на референдум, да се гласа, и тоа за влез на Република Македонија во ЕУ и НАТО со подршка на договорот со Република Грција, затоа што меѓу другото, ќе се зголеми бројот на европските фондови и износот на средства до кои ќе имаме пристап, а со тоа ќе има можност и средства да се решат многу повеќе потреби на граѓаните на општината и на Република Македонија.
Во дискусијата, иако сите се согласни дека целта на Република Македонија е влез во ЕУ и НАТО, имаше малку различни ставови околу начинот и патот како да се стигне до целта, но во глобала, општиот заклучок на присутните на трибината по оваа точка е дека сериозен пристап на граѓанските здруженија е да се подржи ставот на досегашни европски партнери и соработници на здруженијата, а нивниот став е дека е време Република Македонија да биде дел од ЕУ и НАТО.
Од дискусијата со присутните граѓански здруженија, активисти и волонтери, заклучоците за се следни:
Желба и можност за партнерство и соработка има, заеднички став е дека умрежувањето е битно за успешно делување и постигнување на резултати. За таа цел заеднички ќе се договори стратегија и начин на делување, во кои пред се ќе се внимава да идеите бидат инвентивно издржливи, согласно ставовите на европските фондови. Ќе бидат вклучени и стручни и искусни лица кои инвентивните издржливи идеи ќе ги “спакуваат“ на правилен начин во потребната документација. Општината ќе обезбеди буџет, со кој од 10% до 30% ќе може да кофинансира во проектите, но ќе продолжат иницијативи за да делувањето се прошири и со останатите кои од соодветни причини не беа присутни, а се со една иста заедничка цел, успешна реализација на проекти потребни за граѓаните преку обезбедување средства од европските фондови.