Имено, Општина Кисела Вода денес започна со акција за санација на оштетените делови на улиците во село Усје. Градоначалникот Филип Темелковски се сретна и со жители од селото, со кои разговараше за нивните потреби, како и за изнаоѓање на решение за проблемите со кои се соочуваат. Темелковски пред граѓаните ги најави и следните активности кои локаланата самоуправа ќе ги преземе на територијата на месната заедница.
Работните активности на теренот ги изведува фирмата Изолација ДОО.