Со градежните зафати, на ул. Студеничанска, ќе се изврши целосно гребење на асфалтот и истиот ќе биде заменет со нов слој. Додека пак, на останатиот дел ќе се изврши крпење на ударните дупки.
Покрај ова, на улицата ќе се постават и легнати полицајци, со што ќе се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот.
Градоначалникот Филип Темелковски, при увидот се сретна и со жители на селото Драчево, со кои разговараше за проблемите со кои тие секојдневно се соочуваат, како и за изнаоѓање на решение за истите. Активностите на терен ги изведува фирмата Изолација ДОО.
Воедно, вчера локалната самоуправа започна и со активности за санација/крпење на ударни дупки на улиците во село Усје.