09/25 2018
Општина Кисела Вода ги информира граѓаните дека утре ќе започне со изведување на градежни активности на дел од патот за Теферич. Локалната самоуправа ги замолува сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање додека на улицата се извршуваат градежните активности. Истите според предвиденото ќе се одвиваат 2 месеци.