Опфатот е со површина од 20,93 хектари, а на оваа локација предвидена е изградба на објекти со намена за домување, комерцијални и деловни дејности, јавни институции и зеленило и рекреација.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот се одржа на ден 16.07.2013 година во 12 часот во просториите во урбана единица У.З. Цветан Димов (стара рампа), а се до 23.07.2013 година во просториите на оваа урбана заедница е изложен предлог – планот за овој четврт.
Општина Кисела Вода ги охрабрува сите правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со планот, секој работен ден во периодот од 06-14 часот, да достават писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови поврзани со овој Детален урбанистички план. За сите подетални информации, граѓаните можат да се обратат во Секторот за урбанизам и просторно планирање.
Општина Кисела Вода и во иднина ќе продолжи со носење на нови детални урбанистички планови во насока на поинтензивен развој и создавање на подобри услови за живот на граѓаните.