До крајот на седмицава, со механизација ќе се чисти од од улицата “Малешевска” па се до пречистителната станица во Студеничани. И Црниот Канал и коритото на Мала Рада, темелно беа исчистени во мај, поради што, уште еднаш апелираме за совесно однесување на жителите на овој дел од градот. Фрлањето на отпад во одводните канали, им прави штета, пред се’, ним, на жителите на Општината и го намалува квалитетот на нивното секојдневно живеење.