Со градежните активности кои започнаа да се одвиваат на крајот на месец август, во училиштето се постави нова термоенергетска фасада, а изработени и монтирани се нови олуци.
Покрај ова, извршено е и поставување на прозорски опшивки и окапници. Со овие активности се изврши и чистење на столаријата и браваријата.
Имено, проектот за реконструкција на фасадата на училиштето се реализира преку добрата соработка на Општина Кисела Вода и Цементарница УСЈЕ АД Скопје. Со поставувањето на новата фасада учениците и вработените во училиштето ќе добијат потопли простории/училници во текот на зимскиот период, а воедно, ќе се заштедат и финансиски средства. За успешно завршување на градежните активности ангажирана беше фирмата ИНВЕСТ ДОМ Вевчани.
На оваа средба, градоначалникот со директорот на училиштето разговараа и за останатите потреби кои ги имаат учениците и вработените во овој објект.