На свеченоста, пред бистата на најголемиот композитор за пијано на сите времиња, Фредерик Шопен, свежо цвеќе положија претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ и Катажина Пташињска, втор секретар во Амбасадата на Република Полска.
По ова, публиката имаше можност да ужива во концертот на Даница Стојанова – пијано, професорка во ДМБУЦ „Илија Николовски“ – Луј, Марјан Ивановски -виолончело и Билјана Јосифов – сопран. Од сцената во паркот се слушнаа познатите дела на Шопен, Полска песна, Валцер пијано, Мазурки за пијано и Соната за чело. На овој настан присутен беше и секретарот на Општината, Александар Алексовски.
Имено, Општина Кисела Вода и Амбасадата на Република Полска заеднички по 8-ми пат го чествуваа ликот и делото на големиот светски музичар Фредерик Шопен.