На ова натпреварување, Пецевски се бореше со многу поискусен противник, но сепак успеа да го совлада во третата рунда со зафат гушење (REAR NAKED CHOKE).
- Стратегијата што ја поставивме за борбата која ја прифативме пред две недели, се покажа точна и сега нашата школа од Кисела Вода има со што да се пофали. Со само неколку дена припрема, нашиот борец сепак ја доби борбата и ја представи нашата држава и клубот во право светло - изјави Ивица Алексовски, претседател и основач на „Д Стронгест‘‘ од Кисела Вода.
Македонскиот борец Пецевски моментално има профи скор од 4 борби, 3 победи и 1 нерешена борба, а аматерскиот скор му е 4 борби со 4 победи.