Во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ со почеток во 13:00 часот силите на теренот ќе ги одмерат сениорите на „Јуниор Кисела Вода“ и „Вардар Неготино“. Со победа на овој натпревар клубот од Кисела Вода повторно ќе се врати на врвот во првата лига. Како потврда од РФМ за дербито, судиски пар на овој натпревар ќе бидат најдобрите ЕХФ судии Ѓорги Начевски и Славе Николовски.
Следната седмица во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ ќе се играат два ракометни натпревари. Во вторник, со почеток во 19:30 часот пионерите на „Јуниор Кисела Вода“ ќе се сретнат со „Вардар Ангели“. Додека младинците од Кисела Вода во среда од 17:30 часот ќе играат против „Металург“.