Со приредбата „Боите на есента“ децата пред своите најблиски ги покажаа своите актерски способности.
Некаде кон средината на овој месец во објектите на градинката ќе се одржи и Новогодишен базар. Децата заедно со родителите, воспитувачките и негувателките ќе изработуваат новогодишни украси и подароци кои ќе бидат изложени за продажба на истиот. Средствата ќе се наменат во хуманитарни цели и за потребите на градинката.
Оваа седмица и децата од ЈДГ „Весели Цветови“ со изведба на приредби, работилници и изложби ја испратија есента. Децата од двете градинки беа облечени во интересни креации во боите на есента.