Реализацијата на кампањата започна од ООУ „Круме Кепески“ каде пред учениците од 7, 8 и 9 одделение полициски службеници одржаа едукативен час за превенција и за спречување на последици од употреба на пиротехнички средства. Покрај ова, волонтери од „Црвен крст“ на учениците им покажаа како да укажат прва помош при повреда настаната од петарди. Во периодот што следува вакви едукативни предавања ќе се одржат и во останатите основни училишта.
Воедно, претставници од Министерството за внатрeшни работи ќе остварат средби и со Советот на родители при основните училишта пред кои ќе ја презентираат кампањата.