Димковска на ова натпреварување постигна одлични резултати, додека Апостоловски во четвртото коло за влез на финалниот натпревар изгуби од Светскиот првак од Хрватска и во репасаж го освои третото место, со што младите каратисти си обезбедија директен влез на Европско првенство.
Пред овој голем успех Марта Димковска и Стефан Апостоловски на Државното првенство за кадети - јуниори У12 ги освоија првите места, кои ги однесоа на Балканското првенство кое беше критериумско за пласман на големото европско натпреварување. За овие успеси најзаслужен е тренерот на КК „Маваши“ Димче Савевски.