Со оваа победа клубот од Кисела Вода кој во текот на целиот натпревар постојано беше во предност си обезбеди место во плеј-оф рундата за напролет, се пласираше меѓу најдобрите осум тимови од првата машка лига.
Заслужни за победата се: Богдановски, Блажевски, Затараковски, Биковски 2, Гичев 1, Крстевски 7, Чапов, Јаховиќ 1, Постолов 5, Трајковски, Тодоров, Атанасовски, Ников 7 и Трајчевски.
Правдата на теренот ја делеа судиите Михајло и Методија Илиевски од Битола. Делегат беше Цане Куртовиќ од Скопје.
Фотографии: 24rakomet.mk