Во рамки на десеттото коло од првата женска кошаркарска лига сениорската екипа на „Бадел“ со голема разлика ги победи девојките на ЖКК „Трокал“, со резултат 41:65 (12:14, 07:25, 06:17 и 13:09). Со овој триумф „жолто – сините“ остануваат непоразени во лигата.
На овој натпревар најефикасни на теренот беа Сара Петровска со постигнати 19 поени и Наталија Секуловска со 17. Додека заслужни за одличната игра се и Сандра Лазареска, Сара Максимовска 6, Наталија Гаревска 4, Сања Адамовска 13, Ева Анастасова, Катерина Скендерска и Стефанија Цветановска.
И помладите „баделки“ во М16 конкуренција ги надиграа своите врснички од ЖКК „Трокал“ од Кавадарци со резултат 28:57 ( 11:16, 07:21, 02:10 и 08:10). На теренот најмногу се истакна Мартина Блажевска со постигнати 23 поени во противничкиот коша.