Воспитувачките од ЈДГ „Весели Цветови“ во чија изведба беше претставата со одличниот музички и драмски настап донесоа многу насмевки на лицата на децата.
По завршувањето на овој новогодишен настан децата ги израдува и Дедо Мраз кој на сите им додели новогодишни пакетчиња.
Претставата ја проследија градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски со семејството, секретарот Александар Алексовски и претседателот на Советот на Општината Дарио Шимиќ.