Подот беше темелно реконструиран. Се постави нов буков паркет врз порамнителен слој, а потоа се изврши лакирање и обележување на спортскиот терен. По нивното израмнување, се изврши молерисување на ѕидовите во фискултурната сала и гардеробите. Беше изработен парапет со мрсна боја во висина од 210см во фискултурна сала и 155см во гардеробите. Се замени оштетениот дел од плафонот како и оштетените стакла на дел од прозорците. Потоа, радијаторите беа сервисирани со чистење и замена на вентилите.
Ова не се единствените градежни инвестиции на локалната самоуправа во насока на подобрување на условите во спортските училишни сали на територија на Општина Кисела Вода. Претодно, нов подобрен лик и поголема функционалност доби и салата во ООУ “Кирил Пејчиновиќ”, додека во завршна фаза е изградбата на спортска сала во ООУ “Рајко Жизифов-симбол на кинеско-македонскотo пријателство” во населбата Драчево која се гради преку соработката со Амбасадата на Народна Република Кина. Општина Кисела Вода и понатаму ќе ја следи состојбата во сите училишта и ќе работи на обезбедување на квалитетна работна средина за сите ученици.