Претставници од Општина Кисела Вода, членови на Советот на Општината заедно со претставниците на граѓанските организации дискутираа за можна идна реализација на проекти на територијата на локалната самоуправа.
Можностите за проекти финансирани од Европската Унија, програми и фондови на присутните им ги објасни Зоран Стојковски, директор на ПРОЕФЕКТ.
Присутен на настанот беше секретарот на Општина Кисела Вода Александар Алексовски.