Се работи за дел од проектот на МОН за изведба на рехабилитација на тринаесет училишта во Република Македонија и истиот треба да финишира за најмногу 6 месеци. Вредноста на реконструктивните зафати изнесува 5.156.765,91 денари со вклучен ДДВ, средства обезбедени од Министерството за образование и наука.
Претходно, во текот на минатата година, Општина Кисела Вода обезбеди средства со кои во ова училиште беше поставена термоенергетската фасада, на површина од 3.141 м2, а делумно беше заменета и кровната конструкција.
Во ООУ “Кузман Шапкарев” во населбата Драчево настава посетуваат 660 ученици. Училишниот објект датира од 1971 година.