На третиот по ред турнир за кошаркарки под 14 години, во Кавадарци најмладите „баделки“ забележаа две убедливи победи. Прво ја победија екипата на ЖКК „Вардар“ со резултат 52-15, а потоа со голема разлика го надиграа и ЖКК „МЗТ“, со резултат 79:13. На досега одиграните три турнири баделовите кадетки се без пораз и се на прво место.
На домашен терен сениорската екипа на клубот од Кисела Вода го победи ЖКК „Баскет Кам“ од Македонска Каменица , со резултат 72:52. Со оваа победа „баделки“ ја забележа 13 победа по ред во лигата. На натпреварот најмногу се истакнаа Сања Адамовска со постигнати 19 поени, Драгана Јоловиќ со 15 и Сандра Лазареска со 14. Заслужни за големата победа се и Катерина Поп Димитровски 10, Сара Петровска 6, Сара Максимовска 2, Наталија Секуловска 2 и Ева Атанасовска 2.
И младите „баделки“ М18 во Кисела Вода забележаа голема победа против „Баскет Кам“ со резултат 78-41, со што и се реваншираа на противничката екипа за поразот со 14 разлика во Македонска Каменица, во првиот дел од првенството.