Токму затоа, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ потенцира, дека остана уште една година од законскиот утврден рок за доставување на елаборати за бесправно изградените објекти, и ги повика граѓаните кои немаат доставено елаборат истото да го сторат што поскоро, бидејќи го доведуваат во прашање легализирањето на истите. Истовремено ги повика сите правни и физички лица на кои им е изготвена урбанистичка согласност, во најкраток можен рок да го платат надоместокот, за да може да се продолжи постапката за изготвување на Решенијата за легализација на објектите.
Праксата за делење на решенија за легализација на неделна основа ќе продолжи и во следниот период, а во досегашните четири месеци поделени се преку 500 нови решенија за легализација.