На домашен терен во спортската сала „Независна Македонија“ кошаркарите на клубот од Кисела Вода убедливо со 57 поени разлика, со резултат 110-53 го победија тимот на „Дино Баскет“ од Кочани. За „Академија ФМП“ ова беше 12 победа по ред без пораз во лигата.
Најефикасен на натпреварот беше Дамјан Ѓорѓиевски со 16 постигнати коша, а двоцифрени беа уште и Кристијан Саздановски со 14, Константин Мартиноски со 13 и Дарко Најдовски со 10 поени од кои три тројки.