Пред големиот број присутни граѓани и пензионери краток историјат за ликот и делот на големиот херој прочита Марица Мицевска, заменик - претседател на едно од најстарите здруженија на пензионери „Цветан Димов“.
Цветан Димов (5 март 1909 - 9 јули 1942) бил истакнат македонски синдикалец, партизан, комунист и учесник во НОБ. По ослободувањето, во 1945 година, е прогласен за народен херој на Југославија од Македонија. Во Кисела Вода една урбана заедница го носи името на овој голем македонски херој.