Градоначалникот Филип Темелковски заедно со секретарот, Александар Алексовски и претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ ги запознаа учениците со функционирањето на локалната самоуправа.
Децата имаа можност од градоначалникот да добијат одговори на нивните прашања, како и да ги посочат и недостатоците во нивното училиште. Градоначалникот Темелковски вети изнаоѓање на решенија за посочените проблеми.
На крајот Темелковски ги покани учениците на повторна средба во Општината и кажа дека во периодот што следува ќе го посети нивното училиште.