На турнирот ќе учествуваат 8 екипи од урбаните и месните заедници во Кисела Вода. Ќе се играат вкупно 14 кола по двокружен Бергеров систем. Секоја екипа ќе биде составена од 4 натпреварувачи. Турнирот ќе заврши на 17 мај. Награди ќе добијат првопласираните три екипи. По завршувањето на екипниот турнир во текот на мај ќе се игра и поединечен турнир. Координатор на турнирoт е Васе Ангелевски од Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт.