Во истите урбани заедници локалната самоуправа ќе спроведе активности за расчистување на сметот. Во исто време ќе се средуваат детските игралишта, а ќе се кастрат и сувите гранки на дрвјата и грмушките.
Кабастиот отпад граѓаните треба да го одложуваат до 11:00 часот пред своите домови, на тротоарите, но потребно е да внимаваат истиот да не го попречува движењето на возилата и пешаците. Одлагањето на отпадот забрането е после опредленото време и датум.
Минатата седмица во урбаните заедници 11 Октомври - бараки и згради беа собрани 5 тони кабаст отпад и електронска опрема.