Денеска полуматурантите од ООУ „Кузман Шапкарев“ од Драчево ја посетија графичката компанија, специјализирана за индустриско производство, за високо технолошко печатење „БАТО & ДИВАЈН“.
Вработените во компанијата ги запознаа ученциите со нејзиното функционирање, професиите кој им се потребни за успешно работење на истата, а заедно со нив ги разгледаа и производствените капацитети, машините на кои се врши печатењето.
Додека, во одделот за дизајн и подготовка кој е составен дел од севкупниот процес до изработка на финален производ учениците се информираа и за потребните вештини кои треба да ги поседуваат за таа работа. Учениците имаа можност да видат и дел од готовите производи.
Посетите на индустриските капацитети/фирми кои гравитираат на територијата на општината ќе продолжат да се одвиваат до крајот на мај.