Во манастирот кој околу 30 години служи како дом за згрижување на деца, самохрани мајки, бездомни, болни и изнемоштени лица, а во кој оброк секојдневно добиваат и повеќе од 70 сиромашни луѓе, Шимиќ и Алексовски се запознаа и разговараа со сестринството за неговото функционирање и за нивните потреби.
Тие со скромни подароци ги израдуваа дечињата кои во моментов живеат во него.
Подароци за големиот христијански празник Велигден добија и сестрите кои неуморно се грижат за децата, ги чуваат, едуцираат и вложуваат маскимални напори да ги изведат на правиот животен пат.
Сестра Текла МЉ од Италија на Шимиќ и Алексовски им подари медали со ликот на Богородица по традицијата на скопјанката, света Мајка Тереза, а добија и молитва посветена за посетата на папата Франциск на нашата држава.