Локалната самоуправа во рамки на истата акција во сите месни и урбани заедници спроведе активности за расчистување на сметот на јавните површини, за средување на парковите и омилените игралишта на најмладите, а извршено е и кастрење на сувите гранки на дрвјата и грмушките.
Општина Кисела Вода, ЈП „Комунална хигиена“ и Градот Скопје вчера со големата еколошка акција „Биди дел од чиста иднина“ на територијата на општината собраа 8 тони смет. На истата отпадоци собираа градоначалникот Филип Темелковски, претседателот на Советот, Дарио Шимиќ, дел од членовите на Советот и општинската администрација, голем број граѓани, вработени на јавното комунално претпријатие, ученици и членови на спортски клубови.
Општина Кисела Вода продолжува со редовни активности за одржување на чистотата на својата територија. Општината апелира до граѓаните отпадоците да ги одложуваат во поставените контејнери и корпи за отпадоци, како би придонеле за зачувување на животната средина.