Проектот кој официјално се промовираше изминатата седмица, опфаќа преобележување на сите пешачки премини пред градинките и училиштата на територијата на општината, во насока на подигнување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците, велосипедистите, мотоциклистите, како и на повеќе од 10.000 ученици од општината. Реализатори на проектот се Републичкиот совет за безбедноста на сообраќајот на патиштата, Министерството за внатрешни работи, Општина Кисела Вода и компаниите Евроинс Осигурување, Адинг и Кодинг од Скопје.
Со оглед на забрзаната динамика на работа, проектот ќе заврши до крајот на оваа работна седмица, односно пред почетокот на новата учебна година.