Уписот за учебната 2019/2020 година е за деца родени во 2013 година. Децата кои до 31.01.2020 година ќе наполнат 6 години може да се запишат во прво одделение со претходно барање од родителот/старателот и мислење од училишниот педагог. Родителите/старателите за информации за потребната документација за упис на првачиња потребно е да се обратат во основните училишта.
Општина Кисела Вода ги поканува родителите/старателите своите деца да ги запишат во основните училишта кои се во нејзина надлежност. Училиштата со видно подобрени услови за учениците во учебната 2019/2020 година очекуваат околу 700 првачиња.