Пријавувањата кои се во тек до 31 мај ќе се вршат во просториите на ООУ „Рајко Жинзифов“, во населба Драчево секој работен ден од 14:00 часот. Заинтересираните информации за потребната документација можат да добијат во училиштето или на телефонскиот број: 02/2 622 478.
За лица постари од 14 години што немаат завршено основно образование школувањето трае 4 години. Додека, дооформувањето на основно образование трае од 1 до 2 години.